Стотици граѓани се опростија од Палестинците убиени во Израелските интервенции

0
278

Стотици Палестинци денес од тројцата убиени палестинци за време на израелската интервенција на Западниот брег и појасот Газа, објави Агенцијата Анадолу (АА).

Ахмед Хамеди (16) беше погребан во Рамалах, кого израелските режимски сили го убија во петокот за наводно фрлање камења врз војници.

Палестинците, на своите раце на последно испраќање го испратија и 60-годишниот Хамдан ал-Арду. Ал-Арду беше убиен од израелски сили за наводен напад на Ал Бирх.

Денес беше погребан и Ихаб Атаулах Хусеин Абид (25), кој беше убиен во петокот во интервенции на израелските војници, во текот на мирните демонстрации насловени како “Марш за големо враќање” кои Палестинците ги организираат по должината на границата во појасот Газа.

Палестинците, од 30 март на границата на појасот Газа и Израел, организираат мировни демонстрации “Марш за големо враќање враќање”.

Демонстрантите бараат враќање на териториите од кои беа протерани, како и укинување на блокадата во Газа наметната во 2006 година.

Повеќе од 250 Палестинци се убиени од 30-ти март во израелската воена интервенција. Во истиот период во воздушни и тенковските напади на Газа беа убиени најмалку 14 Палестинци.