Во текот на торнадото, кое денеска ја зафати турската туристичка дестинација Анталија, предизвикана е материјална штета на куќи и деловни објекти, јави агенцијата Анадолу (АА).
Силното невреме бурите и торнадото негативно влијае врз животот во овој дел од Турција. Силните ветрови превртувале и неколку возила на патиштата.

Министерот за енергија и природни ресурси, Фатих Донмез, потврди дека моментално нема снабдување со околу 260 трафостаници во Анталија.
Според него, погодени биле околу 80.000 домаќинства. Турскиот министер, исто така, рече дека до 20.000 луѓе немаат електрична енергија.
“Тимовите на терен ќе работат онолку колку што временски услови ќе дозволуваат”, изјавил Донмез.
Според прелиминарните податоци, 14 лица беа повредени.











