Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во градот Газиантеп изјави дека Турција не може да ги остави своите браќа во соседна Сирија на милост на криминалците, јави агенцијата Анадолу (АА).

Ердоган претстојувал во турскиот град Газиантеп и таму се обратил на церемонијата организирана по повод презентацијата на кандидатите на Партијата на правдата и развојот (АК партија) од овој град, на локалните избори што ќе се одржат во Турција на 31-ви март.

Во фокусот на говорот на Ердоган беше борбата против тероризмот.
“Во последните две години уапсивме околу 8.000 членови на ИСИС, за нив повеќето од 2.300 одреден е притвор”, изјавил Ердоган, додавајќи:
“Откако Тел Рифат, Манби и Еуфрат се ослободени од терористи, милиони Сиријци ќе имаат можност да се вратат во своите домови”.
Тој додаде дека Турција не може да ги остави своите браќа во Сирија на милост и немилост на криминалците.

“Додека живееме во мир и сигурност тука, не можеме да ги оставиме нашите браќа (Сиријци, О.П.) на милост на криминалците, не можеме да ги оставиме самите додека се изложени на бомбашки напади”, истакнал Ердоган.
Тој подвлече дека неговата земја, од една страна со Русите и Иранците, од друга страна со Американците, ама првенствено во соработка со сирискиот народ, е решена да го спаси регионот од оваа голема катастрофа.


Фото: Фејсбук -AK Parti










