Рударската брана која пукнала во југоисточниот дел на Бразил поплавила областа во близина на населбата Вила Фертеко.
Ова предизвикало страв од ширење на токсичен отпад и можно загадување на животната средина, а исчезнале најмалку 200 лица.
Пожарникарите издадоа соопштение во кое се наведува дека десетици луѓе се заглавени на местото на несреќата.
Бразилската рударска компанија Vale SA доставила изјава во која се вели дека сé уште немаат информации за жртвите или се повредени во рудникот во државата Минас Жераис, но тие објавија дека рударскиот отпад стигнал до населба Вила Фертеко и административната канцеларија на државата Минас Жераис.
Делви од градот биле евакуирани и локалните пожарникари ги спасувале луѓето со хеликоптери и копнени возила, објави АП.
Rescue operations under way in Brazil's Minas Gerais after a mining dam broke in #Brumadinho, near Belo Horizonte.https://t.co/wbuWpx0raV
— Benjamin Alvarez (@BenjAlvarez1) January 25, 2019
Локален телевизиски канал ТВ Rekord прикажал против пожарен хеликоптер кој летал на неколку сантиметри од земјата, додека подогнувал жена покриена со кал од отпадот.
Друг локален ТВ-канал покажал видео каде пожарникарите објаснуваат која област е загрозена од рударскиот отпад.
Претседателот Жаир Болсаонаро на Твитер објави дека жали за овој инцидент и испратил тројца министри во оваа област, објави агенцијата.
Уште една брана управувана од најголемата рударска компанија во Бразил, Вале и австралиската рударска компанија БХП Билитон, се срушила во Маријана, Минас Жераис во 2015 година, што беше директна причина за 19 смртни случаи и раселување на стотици луѓе од нивните домови, и таа се смета за најголема еколошка катастрофа во историјата на Бразил.
Два часа по несреќата, акциите на Вале паднале за 10 отсто на њујоршката берза, објави АП.











