Во интервенција на израелските војници со боева муниција за време на мирните протести насловебни како “Марш за големо враќање”, кој Палестинците го организираат долж границата во Газа, еден палестинец беше убиен, а 22 беа ранети, јави агенцијата Анадолу (АА).

Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ашраф ал-Кидра, изјави дека израелските војници го убиле Ихаб Атаулах Хусеин Абида (25) и ранија 22 Палестинци за време на протестот во источната граница на Газа.

Тој не обезбеди детали за сериозноста на повредите на повредените Палестинци.

Палестинците, од 30 март на границата на појасот Газа и Израел, организираат мировни демонстрации “Марш за големо враќање”.
Демонстрантите бараат враќање на териториите од каде што беа протерани, како и укинување на блокадата во Газа изречена во 2006 година.

Повеќе од 225 Палестинци се убиени од 30-ти март во израелската воена интервенција. Во истиот период во воздушни и тенковски, напади на Газа загинаа најмалку 14 Палестинци.