Нигерискиот фудбалер и член на англискиот Челзи Виктор Мозес следната година и половина ќе ја помине на заем во турскиот фудбалски тим Фенербахче, потврди истанбулскиот клуб, јави агенцијата Анадолу (АА).
“Нашиот клуб постигна договор со англискиот клуб Челзи во врска со позајмицата на Мозез за период од 1,5 години”. Нигерискиот репрезентативец Виктор Мозес потпиша формален договор по медицинскиот преглед и стана член на Фенербахче. Му посакуваме многу успех во нашиот дрес, стои во соопштението од Фенербахче.
Виктор Мозес професионалната кариера ја започна во Кристал Палас, а потоа играше за Виган, каде што се пресели во Стемфорд Бриџ.









