Американски официјални лица soop[tija дека пиедини американски дипломати и нивните семејства тргнале во караван на аеродромот во главниот град на Венецуела.
Тие ја напуштаат земјата по дипломатски конфликт со претседателот Николас Мадуро.
Писмото, напишано од страна на безбедносниот службеник на Американската амбасада, барaјќи придружба со венецуелската полиција за 10 возила, протече денес на социјалните мрежи, објави АП.
Во средата Мадуро им даде на американските дипломати 72 часа да ја напуштат земјата и да ја затворат амбасадата објавувајќи дека ќе ги прекинат дипломатските односи заради одлуката на Доналд Трамп да го признае Хуанг Гваидо како привремен претседател.
Администрацијата Трамп ги отфрли овие барања и најави дека амбасадата ќе биде отворена.
Од амбасадата вчера беше соопштено дека ќе го намали бројот на вработените заради загриженоста за безбедноста.
Извор:cdm











