Грчкиот Парламент со 153 гласа „за“ го ратификува Договорот од Преспа

0
148

рчкиот Парламент со гласа 153 гласа „за“, еден воздржан и 146 „против“ го усвои Договорот што премиерите на двете држави Зоран Заев и Алексис Ципрас го постигнаа лани во Преспа, а беше резултат на долги преговори што со посредство на медијаторот на ОН Метју Нимиц ги водеа министрите за надворешни работи Никола Димитров и сега екс министерот Никос Коѕијас, кои го потпишаа на 17 јуни 2018 во Псарадес.

Со него се затвори 27 годишниот спор меѓу Македонија и Грција.

Позитивно за решението на деценискиот спор меѓу Македонија и Грција гласаа 145 пратеници од СИРИЗА (целата пратеничка група), седум независни пратеници и еден пратеник од Независни Грци.

Осумте пратеници кои го поддржаа Договорот од Преспа се: претседателот на Демократска левица, Танасис Теохраопулос, кој беше избришан од коалицијата Демократска алијанса, сега независен пратеник; Спирос Данелис, кој беше избришан од Река, сега независен пратеник;,Ставрос Теодоракис, Јоргос Мавротас и Спирос Ликудис, од Река, кои по распадот на пратеничката група официјално се независни пратеници; Елена Кундура, министерката за туризам, поранешна членка на Независни Грци, сега независна пратеничка; Катерина Папакоста, заменик министерка за цивилна заштита, сега независна пратеничка; Танасис Папахристопулос, пратеник од Независни Грци.

Со поединечно прозивање сите 300 пратеници требаше да кажат дали гласаат „за“, „против“ или „воздржано“.

Тридневна дебата 

Дебатата траеше три дена, а со говор, ја затвори алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

АНА МПА

На расправата за ратификација на Договорот од Преспа, пријавени за збор беа 205 од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент, како и координаторите на партиите, министрите во владата и лидерите на политичките партии.

Вчеравечер, во говорот премиерот Алексис Ципрас му одговори на лидерот на опозицијата Кирјакос Мицотакис кој ја обвини владата дека направила национално предавство, дозволувајќи со Преспанскиот договор македонски јазик и македонска нација. На овие критики од опозицискиот лидер премиерот Ципрас ја обвини грчката опозиција дека живее во националистички илузии.

-Не сме дозволиле македонски јазик, бидејќи македонскиот јазик не е наш да го даваме. Аристотел го учел Александар Велики на грчки, место на македонски. Ниту македонската националност е наша да ја даваме. И самото користење на зборот „им дозволуваме“ укажува на илузијата на величина што произлегува од вашиот национализам. Луѓето кои живеат во северна Грција се Грци. Но, ова веќе припаѓа во областа на психоанализата и јас секако немам да намера да бидам ваш психијатар , рече Ципрас во неговото обраќање пред пратениците во грчкиот Парламент.

Алексис Ципрас говорот го заврши со пораката дека „е време за национална самодоверба и национална гордост, ова е историски ден”.

АНА МПА

Претседателот на грчката опозициска партија, Кирјакос Мицотакис порача дека тој како премиер би го искористил правото на вето на патот на Македонија кон Европската унија.

-Процесот за интеграција на Скопје во ЕУ не е поврзан со Договорот од Преспа. Грција може во било кој момент да стави вето во процесот на интеграција на Скопје во ЕУ и ова право на нашата татковина одбивам да го напуштам, порача Мицотакис.

Лидерот на Нова демократија сепак кажа дека мора да биде искрен дека ако Договорот се ратификува, тогаш не може да се поништи, бидејќи има посилна моќ од било кој закон и затоа од парламентарната говорница ги повика пратениците, како што рече, да го кажат големото “НЕ” на гласањето за ратификација на договорот.

Македонија изгласа измена на Уставот

Македонското собрание на 11 јануари ги усвои уставните измени за спроведување  на Договорот од Преспа.

Oткако одлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија и Одлуката за прогласување на уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија беа објавени во Службен весник, МНР со вербална нота го извести грчкото МНР.

Што предвидуваат амандманите

Клучни елементи од Договорот со Грција