Ричардс потпиша за Баерн

0
174

Денес Фудбалскиот клуб Далас и Баерн Минхен го потврдија трансферот на младиот дефанзивец Крис Ричардс.

Овој млад фудбалер минатото лето пристигна во Баерн на позајмица од Далас, а за кратко време ги импресионира лидерите на баварскиот гиган кои одлучија да го купат неговиот договор.

Тоа значи дека од денес Ричардс станува “полноправен член” на Баерн по потпишувањето на договорот на четири и пол години со шампионот на Германија.
Баерн му исплатил 1,3 милион евра за Далас за потпис на Ричардс, но вкупната трансфер вредност би можела да достигне 1,75 милиони евра.

Ричардс, во првиот дел од сезоната, играше за Баерн Минхен, но неговите игри беа внимателно следени од Нико Ковач и неговите помошници.