Израелските сили продолжуваат со рациите на Западниот Брег: Уапсени 16 Палестинци

0
196

Израелските сили уапсија 16 Палестинци во синоќешните рации на окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).

Израелската Армија денес соопшти дека Палестинците се уапсени поради „постоење сомненија за вмешаност во терористички активности“, без да даде детали за природата на тие активности.

Според соопштението, уапсените Палестинци се однесени во притвор за понатамошно иследување.

Израелската Армија често спроведува опсежни кампањи за апсење низ окупираниот Западен брег под изговор дека е во потрага по „барани“ Палестинци.

Според палестинските податоци, речиси 6.000 Палестинци се наоѓаат во израелските затвори, меѓу кои има 51 жена и 250 малолетни лица.