Ердоган во Москва: Да се достигне трговска размена од 100 милијарди долари

0
394

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се состана со својот руски колега Владимир Путин во Москва по повод, и во таа прилика изјави дека трилатералните самити иницирани во рамките на мировниот процес во Астана привлекоа внимание на целиот свет, објави агенцијата Анадолу.

“Трилатералните самити што ги инициравме во процесот во Астана, без разлика дали се одржани во Сочи, Анкара или Техеран, се состаноци кои го привлекоа вниманието на целиот свет. Верувам дека овој состанок и продолжувањето на овој процес ќе биде многу корисно”, изјавил Ердоган претходно почетокот на состанокот со Путин.

Тој нагласи дека трговските односи меѓу Турција и Русија секоја година се повеќе и повеќе се интензивни.

“Се разбира, ние поставивме голем цел пред нас, која треба да постигнеме трговска размена од 100 милијарди долари”, изјавил турскиот претседател.

Рускиот кидер истакна дека и покрај тоа што властите преземаат сé што е во нивна моќ, дошло до катастрофа во Керч.

“Изразувам сочувство за жртвите”, изјавил Путин, додавајќи дека честите средби со турскиот претседател Ердоган даваат резултати.

Турскиот претседател Ердоган пристигна денеска во еднодневна работна посета на Русија.

Ердоган на Московскиот аеродром Внуково го пречекаа рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, шефот на Одделот за државни протоколи, Игор Богдашев, амбасадорот на Република Турција во Москва, Мехмет Самсар, и други официјални претставници.

Турската делегација ја сочинуваа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за одбрана Хулуси Акар, енергијата и природните ресурси Фатих Донмез, земјоделството и шумарството Бекир Пакдемирли, началникот на разузнавачката служба МИТ, Хакан Фидан, портпаролот на канцеларијата на турскиот претседател Ибрахим Калин и главниот штаб на турските комуникации, Фаретин Алтун.

Покрај средбата со претседателот Путин, се планира средба на делегации, а се очекува разговори за билатерална соработка, регионални и глобални прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата во Сирија.