Штрајкот на таксистите во Шпанија, кои бараат огранучување на транспортните услуги на компаниите кои нудат транспортни услуги преку апликации како Убер и Кабигу, го парализира животот во Мадрид, објавува агенцијата Анадолу (АА).
Штрајкот трае од почетокот на неделата, а таксистите за денешните протести го избрале местото на оддржување на еден од најважните настани во овој шпански град – свеченото отварање на 39-тиот Меѓународен саем за туризам.

Тие мислат дека на овој начин ќе го слушнат нивниот глас. Таксистите се собрале пред Фитура, каде бил планиран саемот, а на кој своето учествуво го најавиле повеќе од 10.480 компании од 165 земји во светот.
Со палењето на гуми, тие го затворијле патот до саемот, со што се спречило учесниците да присуствуваат на церемонијата на отворање. Преку спореден пат пристигнал и Шпанскиот крал Фелипе VI. Таксистите накратко го блокираа автопатот во близина на саемот.
Дошло и до конфликт со полицијата а приведен бил еден таксист. Пет полицајци и шест такси возачи биле повредени. Таксистите во Барселона велат дека ќе ја чекаат одлуката на владата вечерва и потоа ќе знаат дали ќе престанат или ќе продолжат со штрајкот. Судот во Барселона минатата година ја промени одлуката за ограничување на работата на Убер и Кобис, што беше длабоко реагирано од шпанските таксисти.
Таксистите побараа од владата да им дозволи на Убер и Кобис да работат, но во однос на едно такво возило наспроти 30 такси автомобили.










