(Фото) Турција: Исклучително вредни гулаби предстојуваат во хотел

0
225

Гулаби вредни меѓу неколку стотици и десетици илјади евра ги уживаат во сите поволности што нив им ги нуди прилагоден хотел во Дијарбакир, Турција.

“Хотелот за гулаби ” беше отворен во 2014 година со цел на гулабарите да им ги олесни грижите за овие вредни птици. Поради високата побарувачка, хотелот е значително проширен.

Во хотелот исто така се сместени примероци на високо ценети раси на автохтони гулаби за областа Дијарбакир.

Сопствениците на гулабите месечно за сметувањето на нивните миленици издвојуваат помеѓу 80 и 125.

Гулабите добиваат квалитетна храна, меѓу другите лешници, ф’стаци и бадеми, во текот на летото се ладат со климатизација, а во зимата се топлат со греалки.

 

Исто така, еднаш неделно, се организира јавна аукција, а гулабите се продаваат на делови од Турција, Франција, Италија, Германија, Саудиска Арабија …

Мехмет Батмаз, од раководството на хотелот, изјавил дека во првата фаза дизајнирале еден кат од зградата и го приспособиле на птици, а подоцна, поради високата побарувачка, ја изнајмиле целата зграда.

Откако новата зграда не беше доволна за сместување на сите птици, тие изнајмиле уште две згради во близина.

“Како што луѓето изнајмуваат соби во хотели со пет ѕвездички и гулабарите овде, можат да изнајмат простор за птици. Гулабите добиваат квалитетна храна и нега”,надополнил Батмаз.

Тој смета дека хотелот, исто така, помага во одржувањето на расата. Тој, исто така, укажа на зголемената сигурност за која се грижи чувар, а птиците се под видео надзор.

Фото:faktor