Турскиот претседател Ердоган пристигна во еднодневна посета на Москва

by Administrator

урскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, допатува во еднодневна работна посета на Русија, јавува Anadou Agency (AA).

Ердоган на московскиот аеродром „Внуково“ го дочекаа заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, челникот на Одделот на државниот протокол, Игор Богдашев, амбасадорот на Република Турција во Москва, Мехмет Самсар, и други официјални лица.

Турската делегација ја сочинуваат турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, министерот за одбрана, Хулуси Акар, министерот за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли, шефот на Турската разузнавачка служба (МИТ), Хакан Фидан, портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, и директорот за комуникации на Претседателството, Фахретин Алтун.

Ердоган во текот на еднодневната работна посета ќе се сретне со својот руски колега, Владимир Путин.

Планиран е и состанок на делегациите, а се очекуваат разговори за билатералната соработка, за регионалните и глобални прашања, меѓу кои и за ситуацијата во Сирија.

You may also like