Официјалните налози на египетскиот фудбалер Мохамед Салах од денес се недостапни за јавноста, јави агенцијата Анадолу (АА).
Милиони следбеници од денес не можат да пристапат до официјалните профили на Салах на Твитер, Фејсбук и Инстаграм, и сè уште не е јасно за каков проблем станува збор.
Една од можните причини за блокирање на социјалните мрежи на Салах е вчерашната мистериозна порака што ја објави на неговиот Твитер профил.
Фудбалерот на англискиот прволигаш Ливерпул Салах на кратко напишал “Резолуција 2019: Време за вистински контакт”.
Иако Салах не прецизирал за каков контакт станува зборува, многумина ја толкуваат оваа порака како можна порака до фудбалската асоцијација на Египет со која фудбалерот има некои проблеми во комуникацијата уште од почетокот на минатогодишниот Светски куп во Русија.
Несогласувањата меѓу Салах и Египетскиот дом на фудбалот започнаа откако неговиот лик се најде на рекламен постер на спонзорска компанија на авионот на египетската реперезентација, а на што Сојузот немал право, бидејќи Салах има спонзорски договор со ривалска телекомуникациска фирма.










