Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес отпатува за главниот град на Русија, Москва, на средба со својот руски колега Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на неговата еднодневна работна посета на Русија, Ердоган ќе биде придружуван од делегацијата која ја сочинуваат турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, министерот за одбрана Хулуси Акар, министерот за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли, претседателот на Турската разузнавачка агенција (МИТ) Хакан Фидан, портпаролот на турското Претседателство Ибрахим Калин и директорот за комуникации на Претседателството Фахретин Алтун.

На средбата Ердоган и Путин ќе разменат ставови за повеќе регионални и меѓународни прашања, особено за Сирја, како и за билатералните односи помеѓу Турција и Русија.











