Американскиот воен брод “USS Donald Cook“ пристигна во познатото пристаниште Батуми, во Грузија.
Имено, американски воен брод пристигна во пристаништето за да учествува во заедничка вежба со грузиската морнарица.
Во изјавата на грузиското Министерство за одбрана, министерот за одбрана Леван Изорија, изјави дека го посетил пристаништето за да го пречека американскиот воен брод со екипажот.
Ова инаку е втор пат американскиот воен брод “USS Donald Cook“ да се најде во Грузија.
Во соопштението се додава дека на бродот е оддржана свечена церемонија на која присуствувала делегација на Грузија предводена од министерот Изори, како и американска делегација предводена од командантот на бродот, Метју Пауел.
Во оваа прилика, грузискиот министер го посетил воениот брод и разговарал на кратко со членовите на екипажот.
“Целта на доаѓањето на американскиот воен брод е да ја зајакне стабилноста на Црното Море и целиот регион”, се вели во соопштението.
“USS Donald Cook “ ќе остане во пристаништето до 25 јануари кога ќе учествуваат во заедничката вежба со грузиската морнарица.
Батуми (старото име Батум) е град во Грузија. Се наоѓа во југозападниот дел на земјата на брегот на Црното Море.
Извор:(Vijesti.ba / AA)










