Британска нуклеарна подморница за малку ќе се судрела со патнички траект

0
218

Подморница на нуклеарен погон на британската кралска морнарица речиси се судрила со патнички брод, пренесе агенцијата Анадолу (АА).

Како што пишуваат многу британски медиуми, започната е истрага за инцидентот што се случи во ноември минатата година, за што јавноста допрва треба да дознае.

Истрагата се спроведува во соработка со Одделот за истражување на поморските несреќи на Кралската морнарица.

На почетокот на ноември минатата година, подморницата поминала многу блиску до траектот Stena Superfast VII, кој сообраќал меѓу Северна Ирска и Шкотска и има капацитет од 1.300 патници и 660 автомобили.

Во моментот на инцидентот, подморницата пловела во близина на морската површина на длабочина каде што можела да го подигне перископот над површината на водата.