Разговараа Чавушоглу и Лавров: Утре средба помеѓу Ердоган и Путин

0
196

Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу и неговиот руски колега Сергеј Лавров, разговарале по телефон, пренесе агенцијата Анадолу (АА).

Според дипломатски извори, двајца министри денес зборувале по телефон, но не беа дадени детали за разговорот.

Инаку, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган утре ќе се состане со својот руски колега Владимир Путин за прв пат во 2019 година.

Ердоган ќе биде во еднодневна посета на Москва, каде што ќе се состане со Путин.

Исто така, ќе се сретнат и делегации, на кои ќе присуствуваат министри и релевантни функционери од двете земји.
Двајцата лидери ќе разговараат за билатералните односи, глобалните и регионалните прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата во Сирија.

Ердоган и Путин во 2018 година разговараа за 25 актуелни прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата во Сирија. Од тогаш, се сретнале седум пати и 18 пати разговарале по телефон.