Европската комисија денеска го казни MasterCard со 570 милиони евра, бидејќи ги спречувал трговците од малопродажбата да бараат подобри услови за плаќања во банките низ цела Европа.
Комисијата објави дека правилата на MasterCard од пред периодот 2015 година ги принудувала трговците на мало да плаќаат одредени банкарски давачки во земјата во која живеат, наместо да им овозможи да купуваат онаму каде што сакаат.
Комесарот на ЕУ за конкуренција, Маргрете Вестагер, изјави дека овие правила “на вештачки начин ја зголемиле цената на картичките, предизвикувајќи штета на корисниците и трговците на мало во ЕУ”, пренесува Срна.
MasterCard, која го контролира брендот Maestro, е втората по големина програма за банкарски картички во Европа.
Казната беше намалена за десет проценти, бидејќи “MasterCard” соработуваше во истрагата.
Извор: (Vijesti.ba / NN)










