Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 53-годишниот С.М. од струшкото село Враништа, за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Кривична пријава заработи и 42-годишниот М.Р. од селото Долна Белица кај Струга, за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „фалсификување на исправа“.
– Првопријавениот, вработен во станица за технички преглед на возила ПСС-село Драслајца, набавил лажен договор за купопродажба на товарно моторно возило „Мерцедес вито“, како и лажна сообраќајна дозвола за истото, на кои како сопственик го навел Е.Р. татко на второпријавениот, по што истите ги употребил во постапка идентификација на наведеното возило, во Бирото за метeорологија при Министерството за Економија во Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. Второпријавениот, ја приложил ваквата документација во МВР-ОУР Струмица при поднесување на барање за регистрација на наведеното возило, информираат од МВР. (Крај)
извор: Ohridpress.com.mk/МВР фото: архива









