Турција покренува меѓународна истрага за убиството на Кашоги

0
185

Турција планира да отвори меѓународна истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги, соопшти министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Кашоги, критичар на саудискиот принц Мохамед бин Салман, почна да пишува за “Вашингтон пост” откако се пресели во САД и беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул на 2-ри октомври.

Турција претходно објави дека соработува со други земји во врска со овој случај и ја обвини Саудиска Арабија дека не е целосно кооперативна во истрагата.

Чавушоглу изјавил дека некои западни земји се обидуваат да го потиснат атентатот на Кашоги и додаде дека Турција направила подготовки за започнување на меѓународна истрага.

“Ќе одиме до крај”. Ние направивме подготовки за меѓународна истрага во наредните денови и ние ќе ги преземеме неопходните чекори “, изјавил шефот на турската дипломатија, објави Радио Слободна Европа.

И покрај заедничката истрага со саудиските функционери во Саудискиот конзулат во Истанбул, во конзуларната резиденција и неколку други локации, телото на Кашоги сеуште не пронајдено.

Извор:cdm