Исчезна авионот во кој се наоѓа фудбалерот на Кардиф, Емилијано Сала

0
240
Фото: Daily Star

Постојат стравувања дека фудбалерот од англиската Премиер лига, Емилијано Сала, се наоѓа во авионот што исчезна помеѓу Франција и Кардиф, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Постои голема загриженост дека 28-годишниот играч се наоѓа во авионот“, објави денес „Би-би-си њуз“ (BBC News).

Можно е аргентинскиот напаѓач да патувал заедно со уште едно лице во малиот приватен авион „Piper Malibu“, кој исчезна синоќа недалеку од островот Олдерни.

Во саботата Сала потпиша за Кардиф Сити, што му обезбеди трансфер од францускиот клуб Нант вреден 15 милиони фунти.