Либија: Завојуваните страни постигнаа договор за запирање на судирите во Триполи

0
166

Либиските племенски челници постигнаа договор за прекин на огнот, кој би требало да ги запре четиридневните судири меѓу ривалските милиции во Триполи во кои се убиени најмалку 15 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Судирите во Триполи се водени од страна на Седмата пешадиска бригада од југоисточниот град Тархуна, претходно лојална на Либиското министерство за одбрана во Триполи и Силите за заштита на Триполи кои дејствуваат под покровителство на Владата на национално единство која ја поддржуваат ОН.

Најмалку 15 лица загинаа и голем број лица се повредени во судирите.

Договорот за прекин на огнот беше објавен за време на прес-конференцијата одржана синоќа во Триполи, без да биде откриен датумот за тоа кога ќе стапи на сила.

Договорот повикува на повлекување 15 километри од сегашните позициии на силите од двете завојувани страни, како и размена на затвореници и останките од оние кои се убиени во судирите.

Во средата Мисијата за поддршка на ОН во Триполи (UNSMIL) ги повика ривалите да го почитуваат Договорот за прекин на огнот постигнат во септември по деновите на крвавите улични борби го главниот град.

Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога беше соборен од власт и убиен дотогашниот лидер Муамер Гадафи. Оттогаш со земјата управуваат паралелни влади со седиште во Триполи и Тобрук, кои имаат одделни парламенти и оружени сили.