„Фајненшeл тајмс“ за 2019 година: Брегзит ќе биде запрен, Трамп ќе оди на суд

0
175

Влијателниот весник „Фајненшал тајмс“ ги објави своите вече традиционални предвидувања за годината што следува. Во 2018 година, осум од нивните 20 анализи беа погрешни.

Дали ќе биде запрен Брегзит?
ДА. Во „пет до 12“ Велика Британија ќе се одлободи од тој акт на самоповредуавње.Брегзит значи Брегзит, рече Меј во 2016 година, но по две години тешки аргументи дури и партијата на премиерката не може да  разбере што тоа значи во пракса.

Дали Џереми Корбин ќе биде нов премиер на Велика Британија?
НЕ. И покрај тоа што опозицијата го подобри јавниот имиџ, тој не успева да ја надмине популарноста на Лабуристичката партија. И да има избори во  2019 година, далеку од сигурно е дека Корбин ќе ги добие.

Ќе се врати ли Макрон на своите реформистички политики по протестите на Жолтите елеци?
ДА. Францускиот претседател веќе нема избор. Да се откаже од тоа значи да се откаже од политичко постоење.

Ќе имаат ли популистите големи победи на изборите за ЕП?
ДА. Тие избори се идеална можност за големи победи на популистите и националистите. Според анкетите, имиграцијата е најважното прашање за граѓаните во многу држави од ЕУ.

Ќе се обидат ли демократите да го обвинат Трамп?
ДА. Истрагата на Малер ќе дојде до исклучителен заклучок во почетокот на 2019 година чија цел ќе биде „поплава“ од обвиненија против американскиот претседател.

Ќе продолжи ли примирјето меѓу Трамп и Си Џинпинг?
НЕ. Тоа ќе се случи поради т.нр. „политика на искривување на трговијата“ на Кина. САД веруваат дека Кина треба да почне со обнова на својот модел на државно-интервенционистички развој во следните три месеци како резултат на договорот меѓу Трамп и Си.

Ќе има ли нова финансиска криза?
НЕ. Ако под финансиска криза се подразбира криза во која политичарите треба да спасуваат или обезвреднат повеќе од една голема финансиска институција истовремено.

Ќе биде ли барел нафта под 60 долари до крајот на годината?
ДА.

Извор:НоваТВ