НЕТАНЈАХУ: “Ќе ги згазиме оние кои ни се закануваат со исчезнување“

0
198

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со своите активности против иранското упориште во Сирија и силите во Дамаск, кои го поддржуваат Иран, пренесе агенцијата Анадолу (АА).

“Ние работиме против Иран и силите на Сирија кои го поддржуваат агресивното однесување на Иран”, изјавил Нетанјаху во својот прв коментар за нападот на израелската армија врз иранските позиции во Сирија.

Нетанјаху зборувал на церемонијата на отворање на аеродромот во градот Еилат, на југот на земјата.

По тој повод, тој потврди дека израелските сили, откако еден проектил бил лансиран од Иран на израелска територија, извршиле воздушни напади врз упориштата на Иран во Сирија во текот на ноќта.

Нетанјаху изјави дека целта на Иран е да го уништи Израел.

“Оние кои нé загрозуваат со исчезнување ќе ја носат целосната одговорност. Ќе ги газиме оние што се обидуваат да нè згазат “, истакнал израелскиот премиер.

Тој додаде дека нема да молчи пред заканите на Иран кон Израел.

“Ние нема да молчиме против оваа агресија и иранската војска која се обидува да се позиционира во Сирија. Командантот на Иранските воздухопловните сили, Азиз Насирзаде, јасно ја изрази својата намера да го уништи Израел “, изјавил Нетанјаху.

Израел изврши воздушни напади врз силите на Специјалните сили Фаилјак ал-Кудс, кои дејствуваат при револуционерната гарда на Иран, во Сирија во текот на ноќта.

Израелската армија соопшти дека воздушните напади биле одговор на ракетниот проектил лансиран од Голанската висоравнина, а кој бил уништен од системот за одбрана на “Железна купола”.

Во соопштението се наведува дека гаѓани биле многу упоришта, меѓу кои и кампови за обука на Фаилак ал-Кудс и складишта со оружје.

Од друга страна, новинската агенција про-режимот САНА, која се осврнува на изјавите на еден воен претставник, изјави дека Израел со наведувачки ракети од копно и воздух ја нападнал сириската територија, и дека нападот бил спречен од сирискиот систем за воздушна одбрана и дека повеќето ракети не ја погодиле целта.

Нетанјаху на 13 јануари изјави дека израелската армија ги погодила упориштата на Иран и Хезболах во Дамаск во текот на изминатите 36 часа, вклучувајќи и иранско складиште со оружје.

Израел, со образложение дека на неговата територија од Сирија и од Голанската висоравнина се лансираат проектили, од 2011 година, врши напади на воените точки на режимот и Хезболах кој го поддржува Иран.