Импликациите на оваа технологија се огромни, особено за областите на екстремна сиромаштија, каде што луѓето немаат лесен пристап до чиста вода за пиење.
Тоа претсвува само шише за пополнување со кое всушност воздухот го претвара во чиста питка вода за пиење со кондензација на влагата која се наоѓа во воздухот.
Уредот е дизајниран од Кристоф Ретезар, дизајнер со седиште во Виена, чија намера беше да обезбеди вода за пиење на повеќе од една милијарда луѓе ширум светот во областите со проблеми со пристапот до вода за пиење.
Уредот се нарекува Fontus, и работи со едноставен принцип на кондензација. Во суштина, кога влажниот воздух ќе проструи во уредот, тој поминува низ хидрофобни “заби” кои помагаат водената пареа да се претвори вистински капки на вода.
Уште подобро, е тоа што уредот целосно се напојува со сончевата енергија, и има систем против, бубачки и акумулација на прашина. За жал, во овој момент не може да ги филтрира потенцијално штетни нечистотии од воздухот.
Ретезар додал дека “водата што ја добивате е чиста, освен ако воздухот е многу загаден. Размислуваме за тоа во шишето, исто така да ставаме филтер за јаглен, така што овој тип уред ќе биде за градови или области во кои би можеле да мислите дека воздухот е загаден. Но, првично, ова шише со вода е направено за употреба во природата, и на места каде воздухот не е контаминиран “.
Уредот може да даде половина литар за само еден час кога е изложен на температури помеѓу 29 степени и 40 степени целзиусови, со околу 80 до 90 проценти влажност.
Уредот беше финалист за наградата Дајсон во 2014 година и оттогаш добива внимание.
“Вие секогаш имате одреден процент на влага во воздухот, без оглед каде и да сте – дури и во пустината. Тоа значи дека секогаш вие можете потенцијално влагата да ја извлечете од воздухот.“
Погледнете го видеото:











