Јилдирим со сограѓаните патувал со метро низ Мармарај

0
261

Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција (TBMM) и кандидат за градоначалник на Истанбул, Бинали Јилдирим, се провозал со метро кое помунува низ тунелот под Босфор, јави агенцијата Анадолу (АА).

Јилдирим утринава од европскиот дел со метро низ Мармарај преминал на азискиот дел на Истанбул, подводен тунел кој со железничка пруга ги поврзува двата континента.

За време на возењето, Јилдирим зборувал со сограѓаните, а потоа се симнал на станицата во Ускудар.

Откако официјалното возило го замени со метрото, Јилдирим влезе во локално кафуле и разговарал со сограѓани.

Локалните избори во Турција ќе се одржат на 31 март, а претседателот на турскиот парламент Јилдирим е кандидат на владејачката Партија на правдата и развојот (АК партија) за градоначалникот на Истанбул.