Во Јапонија почина најстариот маж на светот

0
196
Фото: fortune.com

Најстариот маж на светот, Масазо Нонака, почина вчера во Јапонија на 113-годишна возраст, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Од Гинисовите светски рекорди потврдија дека Нонака, роден во 1905 година, бил најстариот маж на светот“, објави денес јапонскиот дневен весник „Japan Today“.

Ерика Огава, потпретседател на Гинисовите светски рекорди за Јапонија, во април 2018 година на Нонака му го додели официјалниот сертификат.

Починатиот Јапонец стана најстар маж во светот минатата година, по смртта на Шпанецот Франциско Нунез Оливера.

Инаку, татко на пет деца, Нонака се оженил во 1931 година. Имал шест браќа и една сестра.

Тој водел термален хотел во неговиот роден град, а кога заминал во пензија уживал да гледа сумо борење и да јаде слатки.

Според Гинисовата книга на рекорди, Французинката Жан Луиз Калмент беше најстарата личност на земјата до 1997 година, кога почина на 122-годишна возраст.