Јордан се противи на новиот израелски аеродром близу границата

0
152

ордан се противи на отворањето на новиот израелски аеродром во близина на границата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Лоциран на 18 километри од јужниот израелски град Еилат, Меѓународниот аеродром „Рамон“ ќе биде на само неколку километри оддалеченост од границата со Јордан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес официјално ќе го отвори новиот аеродром.

Аман вели дека локацијата на израелскиот аеродром ја крши сувереноста на воздушниот простор на Јордан.

Телевизијата „Ал-Мамлака“ објави дека јорданските власти поднеле жалба до меѓународни органи во врска со израелскиот аеродром.

Од јорданските власти нема официјални коментари во врска со жалбата.