Израелски воени авиони ги нападнаа иранските сили во Сирија

0
200

Израелските борбени авиони нападнаа ирански воени локации во Сирија и сириските одбранбени сили откако биле цел на противвоздушни напади, соопшти израелската армија.

Сириските државни медиуми објавија дека Израел извршил “интензивен напади во голем број на бранови со крстосувачки проектили”, но дека сириската воздушна одбрана ги уништила повеќето “непријателски цели”.

Очевидци од Дамаск соопштија дека силни експлозии одекнувале речиси еден час.

Израелската армија соопшти дека цел на бомбардирањето биле “иранските војски на локацијата Кудс во Сирија”, вклучувајќи ги и складиштата за муниција на меѓународниот аеродром во Дамаск, како и позициите на иранската разузнавачка служба и иранските кампови за обука за воени цели.

“За време на нападот, биле лансирано неколку десетици сириски ракети земја воздих, и покрај сите јасни предупредувања да се избегне таков оган,се вели во соопштението.

Силите на Кудс задолжени се за операциите на Иранската револуционерна гарда во странство.

Вчера беше извршен и прекуграничен напад, но Сирија објави дека го одбила израелскиот воздушен напад. Израел објави дека пресретнал ракетата која била лансирана од Голанската висоравнина.

Извор:(Vijesti.ba)