Најмалку 25 грчки полицајци биле повредени во судирите пред парламентот во Атина за време на демонстрациите против Договорот од Преспа со Македонија.
Αυτό φοβούνται οι Συριζαίοι. Αυτό τρέμουν. #Μακεδονία #συλλαλητηριο pic.twitter.com/hCRR9b2MN3
— Jax (@Xans_Cristian) January 20, 2019
Демонстрациите прибвлекоа неколки илјади луѓе, а седум лица биле уапсени.
Демонстрантите на полицијата ја гаѓале со камења, боја, запаливи шишиња, факели и други предмети, полицијата одговорила со солзавец.
Човек замотан со грчко знаме ја нападна полицијата со голема мотика, додека други заманвувале со знамињата и со нив удирале по полицајаците.
Демонстрантите известија дека многу од нив го напуштија протестот поради огромните облаци на користениот солзавец.
Плоштадот пред парламентот беше речиси празен до почетокот на вечерта, а малите групи демонстранти продолжија да се судраат со полицијата.
Овој договор предвидува дека името на Македонија да се смени во Северна Македонија а за визврат Грција ќе престане да го блокира членството во НАТО и во ЕУ.
Македонија веќе го исполни својот дел од договорот, бидејќи Собранието го ратификува Преспанскиот договор и ги усвои уставните амандмани што го менуваат името на земјата.
Граѓаните кои протестираа денес во Атина се противат на договорот, бидејќи веруваат дека секоја употреба на зборот Македонија во името на соседна земја е узурпација на античкото грчко наследство и дека изразува територијални претензии кон Грција.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги обвини “екстремистичките елементи и членовите на Златна зора”, екстремно десничарската антиимигрантска партија за конфликтот на денешниот протест.
Организаторите објавија дека на денешниот собир очекувале да се соберат околу 600.000 луѓе, а полицијата проценува дека има околу 60.000 лица.
Додека пак организаторите објавија дека од Северна грција ќе пристигнат 3.000 автобуси со демонстранти,а полицијата објави дека пристигнале само 327 лица од целата земја.










