Бројот на загинати во експлозијата на нафтоводот во Мексико се искачи на 66

0
193

Гувернерот на мексиканската држава на Хидалгу, Омар Фајад, изјави дека бројот на загинати во експлозијата на нафтоводот во централниот дел на Мексико се искачи на 66, додека 85 лица се водат за исчезнати.

Експлозијата на илегалбниот нафтовод се случи в петок во малиот град во Тлахуелилпан, околу сто милји северно од Мексико Сити, додека луѓето краделе гориво.

“Она што се случи тука треба да служи како пример за целата нација да се обедини во борбата што претседателот ја презема против оваа болест”, изјавил Хорхе Агилар Лопез, главен медицински офицер во Тлахуелилпан, објави агенцијата.

Трагедијата се случи на три недели откако новиот мексикански претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор започна офанзива против банди разбојници кои дупчеле нафтоводите и правеле нелегални врски за извлекување на гориво. Во првите десет месеци имало 12.581 нелегални приклучоци, во просек 42 на ден.

По трагедијата во Тлахуелилпан, напорите за спречување на нелегалните приклучоциа, најверојатно, ќе се интензивираат и ќе се фокусираат на Обрадоровата борба против кражбата на гориво, а годишно на Мексико го чини околу 3 милијарди долари.