Во Хрватска, пријавени се 8,46 илјади луѓе со заболени од грип, а починале девет лица, соопштил директорот на Националниот референтен центар за грип Владимир Драженовиќ, додавајќи дека бројот на пациенти се проценува дека е четири пати повисок.
Тој за хрватската телевизија изјавил дека вистинските бројки дури сега стигнуваат.
Според Драженовиќ, реалниот број на пациенти се проценува дека е четири пати поголем од пријавениот.
“Ако ја погледнеме динамиката и докажаните случаи, а сега сме на врвот на епидемијата која ќе трае осум недели на многу висок интензитет, можам да кажам дека во последните десет години немавме такви бројки”, истакнал Драженовиќ.
Оваа година, додаде тој, напаѓа вирус од тип A кој е повеќе од 30 проценти поопасен од типот на грип од минатогодишниот период.
“Најголем проблем е тоа што тој во последните три години не беше во оптек, така што дел од населението ја изгуби отпорноста”, истакнал Драженовиќ.











