Најмалку 20 лица загинаа, а 54 биле повредени во петокот кога дошло до експлозија на нафтовод во централниот дел на Мексико, каде што луѓето се обидувале да ги наполнат своите резервоари со нафта.
Пожарот кој сѐ уште не е под контрола избувна во близина на рафинеријата Тула во областа Тлахуерилпан, неколку часа пред да дојде до излевање на нафта што ги привлекло луѓе кои сакале да ја соберат излеаната нафта.
На телевизиски снимки, може да се видат луѓе како со канистри полнат нафта, која во млазови се ислевала од нафтоводот. Подоцна, снимките ги прикажуваат нафтоводот зафатен од пожар, и како луѓето викаат и и бараат помош.
“Според првите извештаи кои се многу сериозни, дваесет лица загинале, а 54 беа повредени, со тешки изгореници”, изјавил гувернерот на Државата Хидалго Омар Фајад. “Има многу повредени. Многу.”
Овој инцидент дојде во време кога новиот претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, започна стратегија против кражба на нафта заради којасамо во минатата и пред минатата година Мексико изгуби околу три милијарди долари.
Извор:sbd










