Во интервенција на израелските војници за време на мировните протести насловени како “Марш за големо враќање”, кој Палестинците го организираат долж границата во Газа, повредени се 30 Палестинци, објави Агенцијата Анадолу (АА).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа Ашраф ал-Кидра изјави за АА дека израелските војници Палестинците ги раниле за време на протестот во источната граница на Газа.
Кидра објасни дека израелските војници на мета ги имале медицинските тимови и претставници на медиумите.
Палестинците, од 30 март на границата на појасот Газа и Израел, организираат мировни демонстрации “Марш за големо враќање”.
Демонстрантите бараат враќање на териториите од каде беа протерани , како и укинување на блокадите во Газа воведени во 2006 година.
Повеќе од 225 Палестинци се убиени од 30-ти март во израелската воена интервенција. Во истиот период, најмалку 14 Палестинци загинаа во воздушни и тенковски напади на Газа.










