Израелските војници кренаа во воздух куќа на палестински затвореник

0
221

Израелските војници ја кренаа во воздух куќата на затворениот млад Палестинец во Западниот Брег, додека настана тензии меѓу Палестинците и војниците, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиени од локалните извори, израелските војници извршија рација во местото Јата во градот Ел Халил, и кренаа во воздух двокатна куќа во која живеело семејството на 16-годишниот Палестинец, Халил Џебарин.

Настана тензии меѓу израелските војници и Палестинците кои реагираа против случајот.

Војниците интервенираа со вистински и гумени куршуми и со солзавец.

Џебарин беше притворен на 16 септември под изговор дека во напад со нож убил еден еврејски доселеник.