Тирана: Најголемата џамија на Балканот ќе биде отворена до крајот на годината

0
490

Џамијата „Намазгах“ која во Тирана, главниот град на Албанија, ја градат турската Фондација „Дијанет“ (TDV) и Управата за верски работи на Република Турција, ќе биде отворена до крајот на годината, јавува Anadolu Agency (AA).Image result for ТTirana: Džamija Namazgah najveća na Balkanu bit će otvorena do kraja godine

На поставувањето на камен-темелникот во 2015 година присуствуваше и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, а како што наведоа од Фондацијата „Дијанет“, се работи за најголема џамија на Балканот.

Завршени се 70 отсто од градежните работи на џамијата. Иницијативата за изградба на џамијата се појави во 90-те години од минатиот век, а изградбата започна во 2015 година. Планирано е работите да бидат завршени до крајот на годината и да биде отворена за муслиманите од тоа подрачје.

Џамискиот комплекс ќе се состои од работни соби, библиотека, културен центар, паркинг, изложбен салон, кафетерија и конференциска сала. Покрај џамијата, ќе биде изграден и музеј.

Tirana: Džamija Namazgah najveća na Balkanu bit će otvorena do kraja godine

Џамијата, на просторот од десет дунуми, ќе може истовремено да прими околу 5.000 верници, односно 10.000, вклучувајќи го надворешниот простор.

Во Тирана во 1950 година имаше 40 џамии, а денеска има 18.