За време на лет судар на два руски бомбардери

0
201

Два руски бомбардери, Сухој Су-34, случајно се судриле за време на летот над рускиот Далечен Исток, соопшти тамошната армијата, а пренесува Russia Today.

Авионите се “допреле” во воздухот додека летале над Јапонското Море, потврди руското Министерство за одбрана.

Покрената е операција за пребарување и спасување, а судбината на екипажот е неизвесна.

Еден авион и два хеликоптери се во потрага за пилотите, кои, наводно паднале во вода.
Инцидентот се случил за време на вежбата, а во авионите немало оружје, потврдиле војската.