Чавушоглу: „ФЕТО вложува напори да ги затруе односите со Македонија”

0
186

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, денеска во Анкара се состана со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, јавува Anadolu Agency (AA).

Димитров: „Македонија цврсто стои покрај Турција во значајната борба против тероризмот”

Министрите на Турција и Македонија, Чавушоглу и Димитров, по средбата во Анкара одржаа заедничка прес-конференција.

Министерот Чавушоглу, зборувајќи за турско-македонските билатерални односи, го истакна следното:

„Нашето пријателство со Македонија датира со векови и имаме силни конекции. Независно од политичките односи, имаме силни врски. Но би сакал да истакнам дека и нашите политички односи се исто така одлични. Ние сме земја која уште од самиот почеток Македонија ја признавме под нејзиното уставно име. Во документацијата на НАТО има една фуснота во која се вели „Турција ја признава Македонија под нејзиното уставно име“.

Истакнувајќи дека стабилноста на Македонија е важна за целиот Балкан, Чавушоглу продолжи со зборовите: „Турција има многу добри односи со Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и со сите земји од регионот, бидејќи Турција ѝ придава големо значење на стабилноста на регионот. Таа дава поддршка и за економски развој. Овој регион не го гледа како простор за натпревар.“

– Во трговската размена се цели на една милијарда долари

Министерот Чавушоглу го сподели податокот дека минатата година трговската размена меѓу двете земји изнесуваше околу 500 милиони долари, истакнувајќи дека е поставена цел, во 2019 година да се постигне трговска размена од една милијарда долари, додавајќи дека постои потенцијал.

Чавушоглу подвлече дека турските компании во Македонија инвестирале 1,2 милијарди долари, и во периодот што следи, формирајќи мешовити економски комисии и поефикасно користење на постоечките механизми, како што се работни форуми, се планира зголемување на заедничката трговска размена.

Министерот Чавушоглу истакна дека се изнајдени патишта за соработка на двете министерства на полето на образованието и културата, и проширување на постоечките врски на полето на одбранбената индустрија и други полиња. Зборувајќи за рагионалниот развој на настаните, Чавушоглу го истакна следното:

„Многу е важна соработката на полето на безбедноста. Никогаш нема да ја заборавиме поддршката што Македонија ѝ ја даде на Турција по обидот за државен удар. Денеска, како и на сите други места, ФЕТО вложува напори да ги затруе односи со Македонија. Постојат лица кои сакаме да бидат испорачани во Турција. Денеска уште еднаш на мојот пријател Димитров му ја предадов листата на овие лица. Согласни сме да ја продолжиме нашата соработка меѓу релевантните оддели. И ние, како министри за надворешни работи, ќе продолжиме да им даваме поддршка на нашите министерства и оддели. Безбедноста на Турција, е важна за Македонија и Балканот. Безбедноста и стабилноста на Македонија, многу е важна Турција и Балканот“.

Министерот Чавушоглу и неговиот колега Димитров, пред прес-конференцијата потпишаа „Меморандум за разбирање и соработка во областа на информатички технологии и дипломатски архиви“.