САД: Меѓународниот аеродром во Луисвил именуван по Мухамед Али

0
199

Во знак на сеќавање на легендарниот боксерски шампион Мухамед Али, меѓународниот аеродром во американскиот град Луисвил е именуван по него, јавува Anadolu Agency (AA).

Управниот одбор за аеродроми во Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки, синоќа ја усвои одлуката за преименување на аеродромот.

„Мухамед Али“ е новиот службен назив на меѓународниот аеродром во Луисвил, но неговото кодно име и понатаму ќе биде SDF.

Поранешниот трикратен светски боксерски шампион во тешка категорија, Мухамед Али, почина на 3 јуни 2016, по повеќегодишна борба со Паркинсовата болест.

Градоначалникот на Луисвил, Грег Фишер, рече дека Мухамед Али имал само еден роден град, и дека за среќа тоа е Луисвил.

„Али е еден од најпознатите луѓе во светот и неговото атлетско и хуманитарно наследство е инспирација за милијарди луѓе“, рече Фишер.