Дубаи: Започна економскиот форум на Косово и Обединетите Арапски Емирати

0
208

Косово ќе биде регионален центар за развој на дигиталната економија, изјавил косовскиот министер за иновации и претприемништво Бесим Беќај во Дубаи на Економскиот форум на Република Косово и Обединетите Арапски Емирати.

U Dubaiju počeo Ekonomski forum Kosova i Ujedinjenih Arapskih Emirata

 

Беќај, разговарајќи со министерот за економија на ОАЕ Султан Бин Саид Ал Мансури и други учесници на Економскиот форум, наведоа некои од причините за инвестирање во Косово, вклучувајќи ја и стратегиската локација, инфраструктурата, населението, ниските оперативни трошоци, законодавството и договорите, деловното опкружување во Косово и економска стабилност.

“Владата додели значителен износ на директни инвестиции во приватниот сектор за да ги стимулира иновациите во претпријатијата и да го зголеми извозниот потенцијал и економската стабилност”, изјавил Беќај, соопшти Министерството за иновации и претприемништво.

Опишувајќи го Косово како земја со исклучителни можности, министерот Беќај ги повика инвеститорите од Обединетите Арапски Емирати сериозно да го разгледаат Косово како можност за инвестирање. Беќај, исто така, истакна дека Косово има најмладо население во Европа со 70 отсто од населението под 35-годишна возраст.

Како конкретен пример, министерот го претстави германско-косовскиот парк за обука во Призрен, нагласувајќи дека ова е одлична можност за економски развој на Република Косово во многу области.

Говорејќи за дигиталната агенда на Европската комисија за Косово, Беќај рече дека верува оти Република Косово е атрактивен пазар за производствени компании и информатичка технологија и истакна дека во 2018 година Косово постигна голем успех со извозот на дигитални услуги.

Исто така, министерот ги наведе конкретните чекори што Косово ги презема за развојот на иновативниот и технолошкиот сектор, како што се законската инфраструктура, физичката инфраструктура, финансиската инфраструктура и фискалните пакети.