Палестина ќе аплицира за полноправно членство во ОН

0
167

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики денес соопшти дека Палестина ќе аплицира за полноправно членство во Обединетите нации (ОН), јавува Anadolu Agency (AA).

„Свесни сме дека Соединетите Американски Држави (САД) можат да стават вето на нивното барање за полноправно членство во ОН, но ова нема да нѐ спречи да аплицираме“, рече тој по преземањето на претседавањето со Групата 77+Кина, најголемиот блок на ОН.

Во 2012 година Генералното собрание на ОН ѝ додели на Палестина статус на земја набљудувач, без право на глас.

За полноправно членство во ОН е потребно одобрување од Советот за безбедност на ОН, по што одлуката оди на гласање во Генералното собрание на ОН.

Палестина и во 2011 година упати барање за полноправно членство, но тогаш не доби поддршка од Советот за безбедност на ОН. Очекувањата се дека САД ниту овој пат нема да ја поддржат Палестина.