„Русија ќе ги земе предвид интересите на сите страни и соседите на Сирија, вклучувајќи ја и Турција, во врска со безбедносната зона со должина од 32 километри што треба да се формира во северниот дел на Сирија“, изјави денес рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, јавува Anadolu Agency (AA).
„Целосно ќе ги земеме предвид интересите на сите вклучени страни, сите соседи на Сирија“, изјави Лавров на годишната прес-конференција во Москва, како одговор на прашањето на дописникот на АА.
„И, секако, дел од договорите што ќе ги бараме ќе бидат и безбедносните интереси на сите земји во регионот, вклучувајќи ја и Турција“, додаде тој.
Во понеделникот, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, реализира телефонски разговор со неговиот американски колега, Доналд Трамп, во кој стана збор и за идејата за формирање безбедносна зона во северниот дел на Сирија.
Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, вчера истакна дека целта на Турција во сириски Идлиб е да ја осигура безбедноста на животите и имотот на населението.











