Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори

0
172

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека партијата нема да ги бојкотира претседателските избори. Мицкоски во Отворено студио на телевизија Алфа порача дека изјавата на генералниот секретар на партијата Игор Јанушев била погрешно протолкувана и намерно спинувана. Тој уште еднаш побара заедно со претседателските истовремено да се одржат и предвремени парламентари избори.

Мицкоски изјави дека со денешното објавување во Службен весник на Законите за јазици и за ратификација на договорот од Преспа премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери извршиле „атентат” врз Македонија. Тој потврди и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави како и иницијатива за проверка на уставноста на законот пред Уставен суд.

-Противуставното потпишување на законот за јазици, денеска доби продложение, кога директорот на Службен весник го објави указот. Со тоа пред себе си создадоа алиби дека законот е во употреба и правосилен – вели Мицкоски.

Извор:НоваТВ