Турција: Велосипед за секое дете чиј родител ќе се откаже од пушење

0
436

Во градот Килис во Турција започна невообичаена кампања така што децата чии родители се откажале од пушењето добивале велосипед, објави агенцијата Анадолу.

Имено, турската општина Килис врачила велосипеди за 500 деца, откако барем еден од нивни родители се откажал од пушењето.
Свеченоста церемонија на доделување на велосипедите се одржа на локалниот стадион каде се собралр голем број деца и нивните родители.

Целта на оваа необична кампања, која се одржува под името “15 илјади велосипеди за 15 илјади домови”, е да ги мотивира што е можно повеќе граѓани да престанат да пушат.

Градоначалникот на Килис, Хасан Кара, за време на распределбата на велосипеди, рече дека до денес се дистрибуирани 11.500 велосипеди.

Тој посочи дека се надева дека наскоро ќе ги подели останатите 3.500 велосипеди.
Тој додаде дека кампањата привлече огромно внимание, особено на социјалните медиуми, каде што илјадници луѓе пишуваат дека тоа е многу оригинална и позитивна идеја, што укажува на тоа дека таквите проекти треба да продолжат.