На покана на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, претседателоката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, утре во возвратна, државна посета ќе пристигне во Турција, пренесува Агенцијата Анадолу (АА.
Кабинетот на претседателот на Република Хрватска објави дека државната посета на Република Турција од страна на претседателката Грабар-Китаровиќ ќе започне со поставување венец на гробот на Мустафа Кемал Ататурк и работна средба во Собранието на Република Турција.
Со церемонијата на свечениот дочек во Кабинетот на претседателотна Турција ќе започне средбата на претседателката на Републиак Хрватска Колинда Граба-Китаровиќ и претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган, после што ќе уследи и тете-а-тете средба на двајцата претседатели како и билатерална средба на дипломатиите на Република Хрватска и Република Турција, соопштено е од Кабинетот на хрватската претседателка.
Најавено е дека двајца претседатели ќе ја потпишат Програмата за соработка во областа на културата и уметноста од 2019 до 2021 година и Протоколот за соработка во рамките на Проектот за Исламскиот културен центар во Сисак помеѓу Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Исламската заедница во Република Хрватска.
По потпишувањето на документот предвидени се изјави на претседателот Ердоган и претседателката Грабар-Китаровиќ.










