Турскиот весник Дејли Сабах денес (15-ти јануари) пишува дека американскиот претседател Доналд Трамп, по телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган минатата ноќ, го замени својот гнев со благодет, не зборувајќи повеќе за “уништување на турската економија”, туку за “големиот потенцијал “на трговско-економските врски меѓу двете земји.
По разговорот со Ердоган, Трамп вообичаено ги сподели своите мисли со јавноста преку неговиот твитер профил, велејќи: “Разговарав за економскиот развој меѓу САД и Турција – има голем потенцијал за значително проширување”.
Во разговорот, двајца државници, исто така, се осврнале на заедничката соработка во борбата против терористичката организација “Исламска држава” и воспоставувањето на безбедносна зона во северна Сирија, во ширина од 20 милји.
Потсетуваме: американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена му се закануваше на Турција со “економско уништување”, доколку таа започне напад врз сириските Курди, на кои САД, по неговото воено повлекување од Сирија, продолжуваат да им обезбедуваат политичка и, ако е потребно, можна воздушна заштита од својата база надвор од Сирија. Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин брзо реагираше на овие зборови, велејќи дека официјалната Анкара од САД очекува “почитување на стратешкото партнерство” помеѓу двете земји.
Извор:geopolitikanews









