Нигерија: Камион влетал во пазар, загинале 15 лица

by Administrator

Најмалку 15 лица загинале на пазар во Нигерија, во кој налетал камион, објави Агенцијата Анадолу (АА). Несреќата се случила во местото Овуроко во нигериската провинција Екити.

Нигерската новинска агенција (НАН) објави дека возачот на камионот ја изгубил контролата над возилото и при голема брзина налетал на пазарот. Истиот извор објави дека најмалку 15 лица загинале, а неколку лица биле сериозно повредени.

Локалните медиуми известуваат дека се плашат дека билансот на смртни случаи може значително да се зголеми.

You may also like