Шест лица загинале, а една е повредена во судир на камион на рударска компанија со минибус во северна Шведска, објавија шведските медиуми.
Шведската рударска компанија Kaunis Eyr објави дека еден од нивните камиони дуректно се судрил со друго возило во селото Masungsbin во областа Кируна, недалеку од границата со Финска.
Возачот на камионот не бил повреден во несреќата.
Шведскиот дневен весник Афтонбладет пренесе дека погинале шест од седум патници во минубусот кој превезувал странски државјани.
Шведската полиција потврди дека несреќата се случила, но детали за жртвите не биле обелоденети.









